ск

ск

Monday, September 15, 2014

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ! е пораката на решението за формирање на ФК ВАРДАР од 1947

ЕБАТИ ЖИВОТОТ КУЧЕШКИ

БЕЛОСВЕТСКИ СИРМА ВОЈВОДКИ



18 year old French Résistance fighter, Simone Segouin, during the liberation of Paris. [19 August 1944]


106-year old Armenian woman protecting her home with an AK-47. [1990]


A Los Angeles Police Officer looks after an abandoned baby in the drawer of her desk. [1971]

A Muslim woman covers the yellow star of her Jewish neighbour with her veil to protect her from prosecution. Sarajevo, former Yugoslavia. [1941]

A Red Cross nurse takes down the last words of a British soldier. [c. 1917]

A Swedish woman hitting a neo-Nazi protester with her handbag. The woman was reportedly a concentration camp survivor. [1985]

A woman drinking tea in the aftermath of a German bombing raid during the London Blitz. [1940]

Afghan women at a public library before the Taliban seized power. [c. 1950s]

Erika, a 15-year-old Hungarian fighter who fought for freedom against the Soviet Union. [October 1956]

Kathrine Switzer becomes the first woman to run the Boston Marathon, despite attempts by the marathon organizer to stop her. [1967]

Marina Ginesta, a 17-year-old communist militant, overlooking Barcelona during the Spanish Civil War. [1936]

Photograph of a samurai warrior. [c. late 1800s]

Women boxing on a roof in LA. [1933]

ИСТА ШЕМА ТОП 5 СРАЊА




Friday, September 12, 2014

НИКОЈ НЕ МЕ ПЛАЌА БРАТ



…23 годишен лет во место ради СДСМ и ВМРО… Јас сум за 4-часовно работно време… Повеќе научив од стадион и улица, отколку од Влатко Стефановски и Ристо Вртев заедно… Поблизок ми е сиромашен Албанец од богат Македонец… И серам и цвеќе берам… Не ги убивајте скопските улични кучиња… Држава е неприродна животна средина за луѓето… Вратете ни ги фабриките и животите… Туџе нечемо, своје немамо… Сите во шума… Жртва сум на транзиција, кур ме боли кој е позиција, а кој опозиција… Скопје, ај лав дис гејм… Не се женам и не правам деца зошто не сакам третото дете на моето трето дете да ги враќа кредитите за спомениците… Без лектор, но со срце… С. КОПЈЕ… Ми иде у животот затоа што секогаш сум на страната на љубовта… Никој не ме плаќа брат… Не ме чуди утре да ме згази кола или да умрам од глад… Го пропуштив клубот 27… лесно можеа да бидат наслов за ова интервју. Сепак, одиме одл скул:


БЕЗ НАСЛОВ, НО СО ПОВОД!!!




Поводот е излегувањето на третиот албум на музичката група ХАХАХА наречен едноставно САМИ МАЖИ И ЖЕНИ. Албумот се состои од 8 композиции. Издаден е од словенечката Мунли рекордс и од германците Пругелпринц. Во Македонија никој не ни понуди издавање. Групата успешно егзистира на домашната и светската музичка сцена веќе неколку години и во неа освен мене членуваат и Дени, Џано и Трипе. Јас ги пишувам песните, па ваљда ради тоа и давам интервју. Правејќи го тоа сам со себе е доста неблагодарна работа. Прво ќе те обвинат дека си его трип, а второ и најбитно е дека не можеш да го кривиш новинарот ( чекај малку…уште ја има таа професија во Македонија?!) за лоши прашања и мораш да си 100% одговорен за тоа што си го кажал. Е, токму тоа и го сакав! Разговор сам со себе, без прашања и без одговори. Писмо без повратна адреса. Доброто во сето ова е тоа што за да напишеш писмо треба да си писмен. Исто како и за да прочиташ и разбереш интервју.


Здраво. Јас сум Васко Атанасоски. Роден сум во Скопје во 1979 година. Навивам за Вардар. Јас сум борец. Не сум чудовиште, но не сум ниту домашно милениче. Свирам во бендови и снимам плочи, касети, компакт дискови и фри данлоуд заедно со моите другари/ки (Комунистичка Самопослуга, Бумбикс…, Пресинг, Трета Смена, FxPxOx, This Home Is Prepared, Demoncrats, SmartxBomb, Bernays Propaganda, PMG Collective, XAXAXA, Демек, ТК.СК.) едно 20+ години. Мал, жилав и напатен. Што би се рекло прав Македонец.




Плочата САМИ МАЖИ И ЖЕНИ на музичката група ХАХАХА се занимава со прашањето:
Зошто некои луѓе се плашат да нé останат сами, дури и по цена друштвото да чини прескапо, не ретко и откажување од животот кој сакаат да го живеат? Зошто резултатот од изборот некогаш треба да биде не само себичен, туку и тотално несакан а да не кажам и смртоносен. Зошто сите не се согласуваме дека животот е врв. Посебно добриот!!!

А сега. Опуштете се во вашите фотељи и замислете си…


СЦЕНА 1:
Сé што ве учеле до сега паѓа во вода и одеднаш почнуваат нови правила. Се распаѓа светот на возрасните а ние децата го земаме она што ни останува за да можеме да кажеме дека некогаш сме имале детство. Тоа што скоро сите трпевме (оптимиста сум по природа па користам минато време) за леб и живеевме во кафез не е битно.

СЦЕНА 2:
За предходната незгодна ситуација се криви аждаи, демони, ѓаоли, врагои… со човечки лик кои преку медиумите и институциите на системот (тоа кај нас ти е скоро иста работа) и секако со мала помош на полицијата и батињата со јаки мускули и дозвола за убивање ни кажуваат како да живееме, што да јадеме, за кого и како да навиваме, како да се ебеме/расплодуваме . Што би рекол народот: СИЛА БОГА НЕ МОЛИ…али си има мерак за градење верски објекти.


СЦЕНА 3:
Ние, луѓето во Македонија се правиме како сето ова да е лош сон од кој ќе се разбудиме рано сабајле и откако ќе се увериме дека тоа било само сон ќе ја гушнеме саканата личност која беспомошно лежи до нас и ќе продолжиме да си го живееме најдобриот можен живот кој еден просечен хомо-сапиенс може да го живее.

А сега малце реалност или удар со копачка во глава:

23 години воглавно тапкаме во место, а за тоа најмногу се криви СДСМ и ВМРО (зборам за македонскиот политички блок, во албанскиот главни улоги глумат ДУИ и ДПА). За мизериите пред тоа не се разбирам брат. Не сум бил роден или доволно возрасен. А искрено не спијам ни на увото национална историја затоа што историјата ја пишуваат победниците (богатите) а јас сум лузер (сиромашен). Се разбравме дека нé дупат во мозок, но дали сме 100% виновни за таа состојба? Реално, бевме сведоци и причинители на грозни работи, но да не заборавиме дека холокаустот, инквизицијата и империјализмот се измислица на неколку членки на Европската Унија а ние сакаме да влеземе во тоа друштво. А знаете како викаат Србите – “С ким си, такав си”. Сакам да кажам дека не сме најлоши како што ни се повторува цели 23 години. Колку повеќе добри идеи остануваат нереализирани, толку повеќе им се отвора простор на лошите идеи да ја окупираат реалноста. Токму тоа е нашата приказна. Бираме под Ш: лузер, а азбуката почнува со А. Рипаме букви ко што јас рипам од тема на тема.



Плочата САМИ МАЖИ И ЖЕНИ на групата ХАХАХА не е Ју-носталгична. Сликата на југословенската фудбалска репрезентација од 1990 која се наоѓа од внатрешната страна на нашиот албумски омот треба да го замисли секој оној кој се ситеше на пропаста на таа земја по секоја цена и покрај фактот што беа родени во неа. Секако дека можеше да биде подобро, ама Кобра (за спортски неписмените, тоа е прекарот на Дарко Панчев) и Станојковиќ се доказ дека и ние допринесовме за 5-тото место во Италија 90-та. После тоа Светско првенство во најважната споредна работа на светот не видовме. Сакам да кажам, бар да бевме паметни ко Чехословачка. Плочата е повик за подобар живот и користење на мозок! Плочата не е полна со македонштина. Полна е со работи што и се случуваа и уште и се случуваат на Македонија. Лесно е да ме обвиниш за било што мене, сиромашен жител од скопските предградија. Ајде имај муда и обвини ги јавно вистинските виновници. Сите знаат кои се, али некако гласчето им се стега кога ќе треба тоа да се направи. Јеби га, платени се за да ќутат и бутаат. Тука веќе 70 години (некои тврдат и милиони години) владее принципот на кланови кои владеат со народните пари и ни измислуваат шарени приказни за внатрешниот и надворешниот непријател поради кои не можеме да живееме добро. Да имавме муда ко што се курчиме ќе разберевме дека во современа Македонија неколку пати до сега имаше моментум за идење во шума (обучување за герилска борба и враќање во градовите и селата со цел: Смрт на …………измот, слобода на народот! ) но тоа не се случи затоа што сабајле треба да се разбудиме и да одиме на работа (алоооооооооооооо, 10 илјади денари не е заебанција!!!).


ДЕЛ 2 (Борба со замислен противник)


Наша среќа (моја и на моите другари/ка од групите ХАХАХА и БЕРНЕЈС ПРОПАГАНДА) е тоа што речиси сé што ни требаше во животот го научивме од Do It Yourself (насловот кажува сé) сцената. Затоа ни иде (добро, и поради тоа што секогаш сме на страната на љубовта). Затоа не ме боли кога некое скопско наконтено урбано типче кое мисли на својот бенд само кога шефот му е на одмор или кога е искочен надвор за да заврши една многу битна работа зборувајќи за музичката ситуацијата во вечната куќа (У-ууу!!!, А-ааа!!! Ма-ке-донија!!!) ќе ми каже:

Урбаното типче: Абе, знам што збориш Васко. Исто сме. У исти гомна сме.

Васко: Не бе брат! Не сме исто!!! И не сме у исти гомна. Ти си до колена а јас до врат. Ти имаш (добиено) работа, партиска книшка, ти тече стаж, имаш стан, исполнуваш нечија туѓа агенда, групишеш се…а јас сум 24/7 (Остварувам) активен во реализација на својот сон, нон-стоп на патишта во оскудни услови, а има и денови кога нема за јадење. Ти играш само за себе, јас играм за тимот. Ти брат, читаш за рокенрол, а јас го живеам! Ни мене ме тера некој со сила, ни тебе. Е, тука сме исто. Не ни е иста ни визијата за уметноста. За тебе тоа е елитизам, за мене тоа е инстикт на врач. За тебе тоа е стручна спрема, докторат и киснење у канцеларија а за мене тоа е теренска работа и школа живота. За тебе уметноста е начин да ебеш а за мене уметноста е умешност да им ги стоплиш душичките на луѓето, а пред тоа да ги потсетиш дека имаат душа откако ќе се увериш дека ја имаш и ти. Луѓето како тебе аплицираат, а ние работиме. А ако работиме, тогаш ние сме работници. Значи, не го јадеме џабе лебот и не му зимаме на народот од уста.




Никој тука не размислува да направи нешто на здрава основа. Само се аплицира, се работи полуилегално, сами си се тапшаат по рамо… мизерија брат. И после немало копиљаци, немало луѓе, сите биле сељаци. Реално губиме од сељаците ко Македонија од Шпанија у фудбал, и ич не ни се они криви. На крајот на денот кој кажал дека само граѓаните треба да се репер за сé. Тоа а малку дискриминаторски, а нели сите ние сме за демократија. Одма вртам на Хелсиншки! Знам дека земјава, нејзините паркови, улици, гаражи, трибини, растурени домови… крие деца кои имаат по 14-15 години и чекаат да се пресметаат со злото што ни се случува предолго. Учат, тренираат, создаваат и чекаат да пораснат. Време им е. Знам затоа што го допревме дното. А после тоа, има само нагоре. А дотогаш ќе мораме да се задоволиме со младите кои не гледаат филм без да проверат рејтинг на самонаречени стручни сајтови на интернет, деца кои живеат со само еден родител, фејсбук, деца кои живеат без своја колекција на книги, плочи, значки, поштенски марки. Живеат без доказ дека повторно го откриле и засакале светот во кој се родиле. Живеат без доказ дека биле млади. Каде е тука креативноста? Каде е тука контрапунктот на злобната држава? Каде е тука умешноста на живеењето во организирана заедница и правата и обврските кои следуваат со тоа, ама без налог на државата и институциите, туку поради грижа за својот дом и заедничкиот простор и добро. Каде е тука напредокот и гинењето за подобро утре? Ги апсат и тепаат за еден џоинт. А кај да идат и што да прават кога немаат ништо свое. Немаат места за растење. Препуштени се на улица, ВМРО-вски медиуми, фејсбук, карниворската политичко-лоповска школа и спортско-политичката мафија. Да не знае човек што е полошо. Од сите страни Ѓорѓи сардисан, Исток нé отпишуе, Запад не нé запишуе. Се чувствувам мизерно кога во весник ќе прочитам вест од типот: “Денеска дечко и девојка лежеа на трева и се сунчаа среде Скопје”. Тоа е демек забегано, а не е забегано тоа што пола администрација во МКД чека викенд за да се нарока со дроги после напорната работна недела. Не е демек забеган насловот: “Македонските деца се најсреќни во светот”. Озбилен сум за насловов, гуглајте. И така сте нон-стоп онлајн. Следејќи ги денес македонските медиуми единствената вредна вест беше онаа посветена на проблемите на децата со аутизам. А тоа се чита толку ретко, да не кажам само кога таквите вести се злоупотребуваат од некоја политичка кујна. А за поведување на граѓанска иницијатива која ќе ја натера државата да потроши троа од народните пари за помош на овие луѓе е како да зборуваш за Македонија како земја во која се живее најдобро на светот. Затоа уште еднаш ќе повторам: Поблизок ми е сиромашен Албанец од богат Македонец. Па нели Исус нé учи дека побрзо ќе влезе камила низ иглени уши, отколку богаташ во рајот. Пред да завршам со интервјуто би сакал да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на уредникот на критика.мк за укажаната шанса да се обратам на македонската јавност и еднаш засекогаш да се разбереме дека веќе не е фора да издадеш плоча или компакт диск, да идеш на турнеја низ Европа и Америка или да те има во странски медиуми. Сега е фора да станеш светски фактор во својата бранша. Сега е ера на глобализација. 21 век, јеби га.


И….за крај добрите вести:
Што и да ви се случи денес, утре повторно ќе изгрее сонцето, а навечер ќе зајде. И пак наутро ќе изгрее. Амин.


Thursday, September 11, 2014

Кажи СТОП!!!


По повод процедурата за носење нов Закон за заштита и благосостојба на животните и важноста истиот да биде унапреден во секој домен на заштитата на животните, без исклучок; т.е. животните независно од својот вид (дали куче, мачка, или прасе, крава, кокошка, зајак) да бидат уважени како свесни, интелигентни и чувствителни живи битија на кои по раѓање им припаѓа слобода и право да живеат согласно потребите на својот вид, на 14.09.2014 (недела) во 12:30 часот ве повикуваме на МИРЕН СОБИР И ПРОШЕТКА со милениците од Градски парк до Собранието на РМ. Донесете го со себе и вашиот миленик, за да бидете заедно гласот на животните!
Собирот е насочен кон сите - институциите и кон јавноста.
КОЈ АКО НЕ ТИ, КОГА АКО НЕ СЕГА!
1. Дојди зошто сега е мигот да се бориме за законска забрана на користењето еутаназијата како метода за намалување на бројката на бездомни животни, зошто е сурова, примитивна, не постигнува никакво решение! Во оваа борба добивме поддршка од 23 пратеника на ЕУ, ја бараме сега поддршката на пратениците на Р. Македонија!
2. Дојди за да речеме не за дискриминација на кучињата по раси и нивно нарекување „опасни или агресивни кучиња“ , зошто вината што некое куче е опасно или агресивно не зависи од расата, туку од тоа дали ги чува одговорен, или неодговорен , агресивен човек! Бараме најстроги казни за сопствениците кои поттикнуваат агресија кај кучињата, а никако убивање на кучињата кои еднаш ќе нападнат (предложено во новиот закон), или кучиња затекнати во борби – со нивното убивање се амнестира одговорноста на сопственикот, а се елиминира кучето, кое и самото е жртва!
3. Дојди за да не дозволиме да се воведе можноста да се вршат експерименти врз кучиња, мачки, диви животни и други животни , да не се даде можност да и на овие битија се врши сакатење, вбризгување отрови, импутирање електроди и спроведување методи кои се варварски, екстремно болни и сурови; да успееме и издејствуваме редукција на есперименти врз животни секаде каде што постои меѓународно признаен алтернативен метод .
4. Дојди за да бараме законски забрани за одредени постапки и најстрого казнување на сите оние кои би предизвикале страв, болка, психофизичко страдање на животните, ги осудиме секогаш и секаде, колективно и јавно.
5. Дојди за да привлечеме внимание на суровоста на фармската индустрија, пеколот, страдањата и обезвреднувањето на милиони прекрасни, чувствителни битија (кокошки, гуски, крави, прасиња, овци, зајаци и др) и да влијаеме некому во изборот да поддржи живот без насилство, стане вегетаријанец или веган .
6.Биди промена која сакаш да ја видиш во светот. Биди глас во нивно име. Многу често, разликата помеѓу нечиј живот или смрт ја правиш ти!

Tuesday, September 9, 2014

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Не сите родители чии деца се на школска возраст се радуваат на први септември, првиот училиштен ден. Еден од оние кои, како што вели, тој ден најрадо би го преспал, е штипјанецот Зоран Мијалков, татко на осумгодишниот Петар, дете со аутизам.
Огорчен поради лошата судбина, но и поради немањето услови во државата за да им се обезбеди нормален и достоинствен живот и школување какво што им е потребно на овие деца, тој вели дека додека ги гледа другите деца и родители како се радуваат на почетокот на школската година, неговата болка сe повеќе расте, бидејќи Петар и оваа година нема да се најде меѓу своите врсници, во школските клупи. Тој, од името на сите родители на деца со аутизам во земјава апелира да се отворат центри за аутизам, кои ќе ги исполнуваат светските критериуми и ќе им го олеснат животот на децата и на нивните родители кои секојдневно минуваат низ голгота.



"Мојот син се роди како здраво машко дете кое до година и 2 месеца беше напредно дете што ги прозборе првите зборови на околу 8 месеци, а пред неполна година зборуваше поврзано и по неколку зборови во реченица. Кога на една година и два месеца ја прими вакцината за мали сипаници, после која имаше алергиска реакција и за нецел месец дена му се наруши сонот, престана да зборува и го изгуби фокусот на неговите очи - односно гледаше во една точка, понекогаш и повеќе од еден час. Кога наполни година и четири месеци, јас прв си признав самиот себеси дека нешто е сменето кај синот и оти се појави проблем. Следуваше одење кај матичната лекарка, па во детското одделение во Штип, па сe до Детската клиника во Скопје каде што, замислете, мене ме правеа дека не сум во ред, демек машките деца нормално било подоцна да прозборат, а јас како татко умирав, бидејќи знаев дека нешто не е во ред (за сето ова време морав де а подарам, и а почестам секаде каде што ќе тропневме). Тоа беше почетокот на голготата, после која следуваше молење, подмитување, сопствено понижување и што ли уште не по професори на факултетите за медицина и дефектологија, како и одење по приватни ординации каде што единствено важно им беше кој повеќе пари ќе ни измолзи и кој ќе посака пастрмалии и скапи вина, а понекогаш за да те прими некој професор, купував и по 20-ина негови книги", со солзи во очите раскажува Зоран.
Тој додава дека нивните проблеми продолжиле и кога дошло време за одење во градинка. Неговата сопруга морала да оди и да останува секој ден со детето во градинката, но и тоа го правеле, со цел Петар да се интегрира со другите деца. Како минувале годините, Зоран започнал да истражува на Интернет и, според симптомите, открил дека Петар има аутистички спектар на нарушувања.
"Одевме секаде каде што ќе слушневме дека може да му се најде помош на син ми, добивавме лажна надеж, слушавме приказни за мали деца... Поради нестручност му беа препишувани лекови, од кои воопшто немал потреба, а кои само му направија поголема штета и го уназадија. Помисливме дека, конечно, ќе има подобрување и ќе се најде спас за син ни, кога, на покана од Општина Штип, во Штип беше доведен турски доктор, кој ни го беа претставиле како еден од најдобрите доктори за аутизам, и тоа беше еуфорично дочекано од сите нас што имаме деца со аутизам, да скратам, на крај испадна дека тој е овде само заради парите - од нас зеде нешто над 80.000 евра, односно сe што имавме вредно, дадовме и продадовме, само и само да одиме во Турција, и потоа секој час консултација нe чинеше 15.500 денари. По 2 и пол години, сфативме дека докторот е злобен човек, желен само за нашите пари, и оти буквално на сите деца исти лекови и суплементи им препишува (денес знам дека на секое дете, врз основа на тестови, му се препишува посебна терапија, специјално направена за него, за да има резултати ). Тоа беше уште едно големо разочарување, а времето си минуваше, и Петар наполни шест години, време кога требаше да го запишеме на училиште. Не можам да ги опишам понижувањата кои ги доживеавме во тој период. Во училиштето 'Ванчо Прќе' формираа аутистична паралелка (но за да биде една паралелка таква, треба да исполнува стандарди, да има стручни лица што би работеле некои од техниките за работа со аутистични деца ). Оваа паралелка беше аутистична само на име, а всушност, тоа беше само една обична училница со еден логопед - во неа беа сместени не аутистични деца туку деца со други развојни проблеми и Ромчиња кои, за да земаат нивните родители помош, вештачки се класифицирани како деца со пречки во развојот, а се всушност, немирни агресивни деца, кои претходните наставнички во редовна настава, во договор со стручните служби, ги сместиле во таа паралелка. Бидејќи логопедите во Здравствениот дом и во училиштата, сите до еден, нe одбија, моравме да плаќаме приватно логопед да работи со Петар, за барем, колку - толку, да напредува (таа година не успеавме да се избориме да биде запишан според законот за инклузија во редовна паралелка)", вели Зоран.
Наредната учебна година тој го запишал Петар во основното училиште "Гоце Делчев", во редовна паралелка, и иако законот за инклузија е дециден дека стручно лице од училиштето треба да ја спроведе инклузијата на дете со посебни потреби, на Мијалкови им било кажано дека ако сакаат нивниот син да оди на училиште, мораат самите да си платат логопед/дефектолог, или пак, неговата мајка да седи со него во училница. Бидејќи потрошиле доста средства за докторот од Турција, тие не можеле секојдневно да си дозволат да плаќаат логопед, па решиле мајката на Петар да останува со него на училиште.
"Петар беше, буквално, отфрлен од наставничката, беше сместен да седи во последна клупа со мојата сопруга и, буквално, за цела учебна година, наставничката само 2 пати му прозборе. Сопругата секој ден се враќаше плачејќи од училиштето, а Петар, кој разбира сe и е доста чувствителен, само што не зборува, не можеше да се носи со сето тоа. Затоа започна да ја зема школската торба и да ја води мајка му кон вратата, сакаше да си оди од таа средина, во која не беше прифатен. Оттогаш тој не оди на училиште, се жалев и кај директорот, но сe остана само на ветувања дека ќе се разговара, ќе се преземат мерки", раскажува Зоран, потенцирајќи дека покрај образованието, децата со аутизам имаат проблеми и во здравствените установи, односно во Македонија има недостиг и од медицински персонал кој е стручен областа на аутизмот.
"Многу жално и трагично, исто така, е што постои закон за лекување во странство - овој закон, во кратки црти, го вели следново: болестите кои не можат да се лечат и третираат во Македонија, Фондот е должен да ги покрие во целост со само најмногу 200 евра плаќање од болните лица. Но овој закон за децата со аутизам е само на хартија. Ќе се запрашате зошто - затоа што во Македонија немаме стручен доктор за аутизам кој би ни дал документ за тестовите и клиники со ДАН доктори во светот каде што би можеле нашите деца да бидат третирани и, конечно, да добијат терапии, без таков документ Фондот за здравство нема шанси да одобри лекување странство, и со тоа сме ставени во оваа позиција, односно сме никој и ништо и отфрлени од нашето ценето општество", вели Зоран.
Образованието за овие деца е од огромно значење, и тој веќе осум години ги проучувал сите сегменти на болеста. Според него, но и според други родители на деца со аутизам, од најголемо значење би било отворање на центри за аутизам, но не само на простории со такво име туку центри кои би ги исполнувале сите светски критериуми, а за кои не се потребни многу финансиски средства туку добро обучени лица што ќе работат со децата.


Monday, August 18, 2014

MY RULES



Everywhere I go I'm seeing rules
They're on the streets and in the schools
One thing I know for sure
Life can't be without structures



I'm not the hand of their tools
I'm gonna live by my rules
Why should I listen to those fools
I'm gonna live by my rules



I was raised to respect their ways
But I'm caught up in their maze
So many questions come up in me
But which one is the one to see?



I'm not the hand of their tools
I'm gonna live by my rules
Why should I listen to those fools
I'm gonna live by my rules