ск
Tuesday, May 22, 2012
ОД УМЕА, ПРЕКУ СКОПЈЕ, ДО ЧИКАГО
Мај и Јуни не случајно се еден по друг.
Убаво се надополнуваат и сите се среќни со сонцето,цвеќињата и првите скокови во вода после долгата зима.
Истото важи и за НАПРАВИ ЗАЕДНО концертите на 30 Мај и 1 Јуни.
Убаво се надополнуваат и сите се среќни со интернационалната понуда на одлични бендови.
Од далечната Умеа, некогашната колевка на најизвиканите Европски хард кор бендови доаѓаат LYCKA TILL ( http://lyckatill.bandcamp.com/ ). Пејат на Шведски, звучат светски, ги носат блузот и фолкот во себе, но сепак ги свират панкерски.
НОВА ГЕНЕРАЦИЈА се скопски панк деца кои се обидуваат да ја продолжат линијата на младешка бунтовност и бучен,брз тро акорден бес.
Концертот е на 30 Мај а почнува во 22:00. Влезот е 200( нема слободен влез, сите пари се за бендот на турнеја!). Boiling Point е Кумановската организациска помош.
31 Мај е ден за одмор и припремање за хард кор матинето кое ќе се одржи следниот ден ( 1 Јуни). Од братскиот Чикаго ни доаѓаат веган/стрејт еџ монасите NOOSE (http://noose.bandcamp.com/ ). Слободно можете да очекувате тупаници во воздух, иксови на рацете, скокови со гитари и стрејтерски шаманизам.
ХАХАХА се бивши стрејтери и ќе бидат статични при свирењето на песни од новата плоча која треба да искочи за НАПРАВИ ЗАЕДНО во Септември.
Концертот почнува во 18:00. Влезот е 200( нема слободен влез, сите пари се за бендот на турнеја!) .
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment