ск

ск

Friday, November 2, 2012

MOLOKAI, нов НАПРАВИ ЗАЕДНО бенд


MOLOKAI ( http://molokaiau.bandcamp.com/album/demo ) е сурф-панк трио, кое по грешка наместо на бреговите на Пацификот е родено покрај реката Драгор. Сакајќи да им се приближат на нивните вистински корени, реинкарнациите на три калифорниски сурфери (сега познати како Дамјан Маневски, Бојан Станиќ и Дамјан Грујо), ги комбинираат звуците на сурф бендовите како Slacktone, Laika and the Cosmonauts, Man or Astro-man? и The Atlantics, со енергијата и DIY етиката на Fugazi и хаотичноста на бендови како Polska Malca. MOLOKAI постои од јуни 2011, зад себе имаат едно демо ЕР, а до крајот на 2012 за НАПРАВИ ЗАЕДНО ќе излезе нивниот прв албум.

No comments:

Post a Comment