ск

ск

Wednesday, February 6, 2013

Кои се групите кои ќе свират заедно со BERNAYS PROPAGANDA на 1 Март во МКЦ?



CULTURE DEVELOPMENT можеби и не се свесни дека се дел од светата линија на емотивниот панк, која на засега необјаснив начин дојде од Вашингтон (како дел од револуционерното лето 85-то!), преку Сан Диего (Гравитацијата си го направи своето) и конечно после европскиот француски одговор од средината на 90-тите зачука на непробојните ѕидини на Скопје. Доколку некој најде рационално објаснување како тоа се случи и зошто овие тинејџери звучат сигурно и убедливо како инди икони уште од својот прв настап дефинитивно во себе ја има моќта на претскажувањето. Culture Development се вашите омилени легендарни алтернативни херои заробени во телата на скопски деца.

СИЗ е бенд од Куманово инспириран од разни музички правци и разни изведувачи и едноставно не може да се сврсти во ниеден музички жарн. Ако веќе треба некако да се крсти жанрот во кој би припаѓале тоа би било avant-garage или можеби neo-bopism. Единствен Македонски бенд кој го продолжува патот на големите: Minutemen, Contortions и Big Boys, воедно додавајќи свој оригинален печат. Група со Европска турнеја позади себе и албум кој на многу топ листи од минатата година ширум светот се најде на водечките позиции.

MOLOKAI е сурф-панк трио кое по грешка наместо на бреговите на Пацификот е родено покрај реката Драгор. Сакајќи да им се приближат на нивните вистински корени, реинкарнациите на три калифорниски сурфери ги комбинираат звуците на сурф бендовите како Slacktone, Laika and the Cosmonauts, Man or Astro-man? и The Atlantics со енергијата и DIY етиката на Fugazi и хаотичноста на Polska Malca.

No comments:

Post a Comment