ск

ск

Monday, February 25, 2013

Денес излегува ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА

ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА, третиот албум на BERNAYS PROPAGANDA , еден од најуспешните и меѓународно признати бендови од регионот излегува денес на винил и цд (наскоро и на касета).
9 нови песни, 9 нови приказни, 9 нови манифести кои повикуват на радикални промени. Албумот е издание на: Направи Заедно, МКЦ, Moonlee (Словенија) и Pruegelprintz (Германија).
Можете да го набавите во: МКЦ, Југотон, Maximumrocknroll и Пола Југотон. Промоцијата на албумот ќе биде на 1 Март во МКЦ.

No comments:

Post a Comment