ск
Wednesday, July 17, 2013
17 јули 1936
– почеток на Шпанската граѓанска војна и револуција
На денешен ден – 17 јули 1936 година започна Шпанската граѓанска војна, позната и како Шпанска револуција. Тоа била војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните елементи, на чело со Франциско Франко од друга.
Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите фигури што се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.
По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играат комунистите.
* * *
„Живеејќи ја утопијата“ (Vivir la utopía / Living Utopia) е уникатен документарен филм во кој се испреплетени историски сведоштва за почетоците и развојот на Шпанското анархистичко движење, фокусирајќи се на војната од 1936-тата. Филмот претставува отсликување на филозофските основи нa едно такво движење и нивната практична примена. Во исто време информативно и инспиративно истражувачко дело, филмот се смета за богатство помеѓу историчарите и бунтовничките срца. Најголемата заедница од овој тип во Европа во тоа време, милиони селани и урбани работници успешно воспоставиле општество базирано на рамноправност, заемна помош, партиципаторна демократија и само-организација – сето тоа без централизирана држава или власт. Овој фасцинантен, но сепак во голем дел непознат социјален експеримент на крајот бил уништен од сили од внатре и надвор од земјата.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment