ск

ск

Sunday, December 30, 2012

BERNAYS PROPAGANDA-Погрешно знаме free download

BERNAYS PROPAGANDA се бомбона која што наместо овошен сок во средината, има камен што ви ги крши забите. Поаѓајќи од почетните постулати на панк филозофијата; слободата на изразувањето и социјалната свесност и солидарност, тие ја снимија својата нова (трета) плоча ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА.
Погрешно знаме е првиот сингл од албумот кој излегува на 26 Февруари!
Симнете го бесплатно на : http://napravizaedno.bandcamp.com/album/--6
со погрешно знаме ја сокри тагата
изгори го симболот, сонцето погледни го
овде сонце не свети во сиромаштија
дај им бетон, ќе видиш гладни се
забетонирај го гневот стар еден век
во оваа земја cамо илјада луѓе добро живеат
сиромашни им се душите
еден ко двајца, двајца ко илјада
илјада cпоменици на мртвиот дух
да нѐ потсетат дека мртви се живите
никој не знае што сака

Monday, December 24, 2012

НЕМА ДЕДО МРАЗ и ЗЕМЈОТРЕС фестивали

НАПРАВИ ЗАЕДНО ве поканува на јубилејното петто издание на својот фестивал НЕМА ДЕДО МРАЗ. Овој пат,фестивалот ќе се одржи во Куманово во соработка со Boiling Point. Бидете дел од прославата во клубот Џарто на 28 Декември(петок) со почеток во 18:00.Настапуваат: Culture Development, Vlasta Popic, Сиз, Фонија, Молокаи и ХАХАХА.

На 29 Декември во МКЦ се случува првиот Македонски фестивал на домашна независна музика.
21 БЕНД
6 НЕЗАВИСНИ ИЗДАВАЧИ
2 ПОДИУМА
1 ГРАД
ВО ГРАДОТ: ЗЕМЈОТРЕС!!!
ФЕСТИВАЛ НА НЕЗАВИСНА МУЗИКА
Заедничка авантура на Направи Заедно, PMG Recordings, 69 Records, Кран, Ego East Records и 22 records под кровот на Младинскиот Културен Центар.
Пораката: ЗЕМЈОТРЕС!!!

Thursday, December 13, 2012

Излегува деби албумот на MOLOKAI - YOU SURF, WE SEND PIRANHAS! + BERNAYS PROPAGANDA и ХАХАХА инфо


Деби албумот на Битолските чудо од деца МОЛОКАИ насловен YOU SURF WE SEND PIRANHAS, излегува утре,14 Декемви за НАПРАВИ ЗАЕДНО и МКЦ Битола. Концертната промоција во Битола е закажана за 21 Декемви во МКЦ, додека пак во Куманово МОЛОКАИ ќе ја престават плочата во живо на НЕМА ДЕДО МРАЗ фестивалот на 28 Декември, а следниот ден се дел од ЗЕМЈОТРЕС фестивалот во МКЦ, Скопје.

ХАХАХА настапуваат утре на GLIMPS фестивалот во Гент, Белгија. Со настапите на НЕМА ДЕДО МРАЗ и ЗЕМЈОТРЕС тие за заокружуваат концертната промоција на нивната последна плоча СИРОМАШНИ И БОГАТИ.

BERNAYS PROPAGANDA настауваат на GLIMS фестивалот на 15 Декември. Нивниот трет албум ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА е снимен и е во фаза на продукција. Светлото на денот ќе го види на 26 Февруари, а Скопската промоција е закажана за 1 Март,со концерт во МКЦ. После тоа следува 9 неделна Европска турнеја.

Wednesday, December 5, 2012

MOLOKAI-You surf, we send piranhas pre-order


По се изгледа, МОЛОКАИ се деца кои животот ги гали. Сеуште средношколци, а веќе имаат опасен бенд, наскоро издаваат албум, свират заедно со најголемите македонски бендови... Нивниот деби албум You surf, we send piranhas излегува на 14 Декември. Пишете на: junkcola@gmail.com доколку сакате да го имате пред сите други!