
ск
Friday, February 15, 2013
Wednesday, February 6, 2013
Кои се групите кои ќе свират заедно со BERNAYS PROPAGANDA на 1 Март во МКЦ?

CULTURE DEVELOPMENT можеби и не се свесни дека се дел од светата линија на емотивниот панк, која на засега необјаснив начин дојде од Вашингтон (како дел од револуционерното лето 85-то!), преку Сан Диего (Гравитацијата си го направи своето) и конечно после европскиот француски одговор од средината на 90-тите зачука на непробојните ѕидини на Скопје. Доколку некој најде рационално објаснување како тоа се случи и зошто овие тинејџери звучат сигурно и убедливо како инди икони уште од својот прв настап дефинитивно во себе ја има моќта на претскажувањето. Culture Development се вашите омилени легендарни алтернативни херои заробени во телата на скопски деца.

СИЗ е бенд од Куманово инспириран од разни музички правци и разни изведувачи и едноставно не може да се сврсти во ниеден музички жарн. Ако веќе треба некако да се крсти жанрот во кој би припаѓале тоа би било avant-garage или можеби neo-bopism. Единствен Македонски бенд кој го продолжува патот на големите: Minutemen, Contortions и Big Boys, воедно додавајќи свој оригинален печат. Група со Европска турнеја позади себе и албум кој на многу топ листи од минатата година ширум светот се најде на водечките позиции.

MOLOKAI е сурф-панк трио кое по грешка наместо на бреговите на Пацификот е родено покрај реката Драгор. Сакајќи да им се приближат на нивните вистински корени, реинкарнациите на три калифорниски сурфери ги комбинираат звуците на сурф бендовите како Slacktone, Laika and the Cosmonauts, Man or Astro-man? и The Atlantics со енергијата и DIY етиката на Fugazi и хаотичноста на Polska Malca.

Wednesday, January 30, 2013
БАР КУЛТУРА, втор сингл од ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА, новиот албум на BERNAYS PROPAGANDA
ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА, третиот албум на BERNAYS PROPAGANDA ќе се појави на 26 Февруари на винил и компакт диск ( во Март и на касета!!! ). На 15 Февруари бендот одлучи албумот да го даде на бесплатно симнување преку својот bandcamp профил. Во меѓувреме симнете ја БАР КУЛТУРА.
Концертната промоција на ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА е закажана на 1 Март во МКЦ-Скопје.
Карти во претпродажба од 1 Февруари во Југотон,МКЦ и Пола Југотон.
Бар култура
Нaшиот свет е
Моќен за викенд! Само за викенд!
А после - сѐ магично исчезнува!
Силни се...Викенд!
Сѐ знаат...викенд .
А, после ... жарот го снемува.
...и животот без нас продолжува!
*****
Далеку од нас
постојат ВИСТИНСКИ луѓе...
какви што НИЕ сонувавме да бидеме.
*****
Толку убаво зборувавме, Еј зборувавме!
Додека си оди ...овој раскрварен град.
Утрата ги изедоа сите борби ... што во мракот ги победивме.
Викендите станаа години ... а ние НИШТО не променивме.
собери храброст...остани ИСТИОТ...утро по викенд!
......
Живеат во сенката на славните предци
Научија само да ги наследуваат.
Сѐ додека крварат
Старите пари под вас.
Ние ke бидеме во предградијата...
А таму...Утро по викенд!
... борбата продолжува.
Концертната промоција на ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА е закажана на 1 Март во МКЦ-Скопје.
Карти во претпродажба од 1 Февруари во Југотон,МКЦ и Пола Југотон.

Бар култура
Нaшиот свет е
Моќен за викенд! Само за викенд!
А после - сѐ магично исчезнува!
Силни се...Викенд!
Сѐ знаат...викенд .
А, после ... жарот го снемува.
...и животот без нас продолжува!
*****
Далеку од нас
постојат ВИСТИНСКИ луѓе...
какви што НИЕ сонувавме да бидеме.
*****
Толку убаво зборувавме, Еј зборувавме!
Додека си оди ...овој раскрварен град.
Утрата ги изедоа сите борби ... што во мракот ги победивме.
Викендите станаа години ... а ние НИШТО не променивме.
собери храброст...остани ИСТИОТ...утро по викенд!
......
Живеат во сенката на славните предци
Научија само да ги наследуваат.
Сѐ додека крварат
Старите пари под вас.
Ние ke бидеме во предградијата...
А таму...Утро по викенд!
... борбата продолжува.
Sunday, December 30, 2012
BERNAYS PROPAGANDA-Погрешно знаме free download
BERNAYS PROPAGANDA се бомбона која што наместо овошен сок во средината, има камен што ви ги крши забите. Поаѓајќи од почетните постулати на панк филозофијата; слободата на изразувањето и социјалната свесност и солидарност, тие ја снимија својата нова (трета) плоча ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА.
Погрешно знаме е првиот сингл од албумот кој излегува на 26 Февруари!
Симнете го бесплатно на : http://napravizaedno.bandcamp.com/album/--6
со погрешно знаме ја сокри тагата
изгори го симболот, сонцето погледни го
овде сонце не свети во сиромаштија
дај им бетон, ќе видиш гладни се
забетонирај го гневот стар еден век
во оваа земја cамо илјада луѓе добро живеат
сиромашни им се душите
еден ко двајца, двајца ко илјада
илјада cпоменици на мртвиот дух
да нѐ потсетат дека мртви се живите
никој не знае што сака

Погрешно знаме е првиот сингл од албумот кој излегува на 26 Февруари!
Симнете го бесплатно на : http://napravizaedno.bandcamp.com/album/--6
со погрешно знаме ја сокри тагата
изгори го симболот, сонцето погледни го
овде сонце не свети во сиромаштија
дај им бетон, ќе видиш гладни се
забетонирај го гневот стар еден век
во оваа земја cамо илјада луѓе добро живеат
сиромашни им се душите
еден ко двајца, двајца ко илјада
илјада cпоменици на мртвиот дух
да нѐ потсетат дека мртви се живите
никој не знае што сака

Monday, December 24, 2012
НЕМА ДЕДО МРАЗ и ЗЕМЈОТРЕС фестивали
НАПРАВИ ЗАЕДНО ве поканува на јубилејното петто издание на својот фестивал НЕМА ДЕДО МРАЗ. Овој пат,фестивалот ќе се одржи во Куманово во соработка со Boiling Point. Бидете дел од прославата во клубот Џарто на 28 Декември(петок) со почеток во 18:00.Настапуваат: Culture Development, Vlasta Popic, Сиз, Фонија, Молокаи и ХАХАХА.

На 29 Декември во МКЦ се случува првиот Македонски фестивал на домашна независна музика.
21 БЕНД
6 НЕЗАВИСНИ ИЗДАВАЧИ
2 ПОДИУМА
1 ГРАД
ВО ГРАДОТ: ЗЕМЈОТРЕС!!!
ФЕСТИВАЛ НА НЕЗАВИСНА МУЗИКА
Заедничка авантура на Направи Заедно, PMG Recordings, 69 Records, Кран, Ego East Records и 22 records под кровот на Младинскиот Културен Центар.
Пораката: ЗЕМЈОТРЕС!!!


На 29 Декември во МКЦ се случува првиот Македонски фестивал на домашна независна музика.
21 БЕНД
6 НЕЗАВИСНИ ИЗДАВАЧИ
2 ПОДИУМА
1 ГРАД
ВО ГРАДОТ: ЗЕМЈОТРЕС!!!
ФЕСТИВАЛ НА НЕЗАВИСНА МУЗИКА
Заедничка авантура на Направи Заедно, PMG Recordings, 69 Records, Кран, Ego East Records и 22 records под кровот на Младинскиот Културен Центар.
Пораката: ЗЕМЈОТРЕС!!!

Thursday, December 13, 2012
Излегува деби албумот на MOLOKAI - YOU SURF, WE SEND PIRANHAS! + BERNAYS PROPAGANDA и ХАХАХА инфо

Деби албумот на Битолските чудо од деца МОЛОКАИ насловен YOU SURF WE SEND PIRANHAS, излегува утре,14 Декемви за НАПРАВИ ЗАЕДНО и МКЦ Битола. Концертната промоција во Битола е закажана за 21 Декемви во МКЦ, додека пак во Куманово МОЛОКАИ ќе ја престават плочата во живо на НЕМА ДЕДО МРАЗ фестивалот на 28 Декември, а следниот ден се дел од ЗЕМЈОТРЕС фестивалот во МКЦ, Скопје.

ХАХАХА настапуваат утре на GLIMPS фестивалот во Гент, Белгија. Со настапите на НЕМА ДЕДО МРАЗ и ЗЕМЈОТРЕС тие за заокружуваат концертната промоција на нивната последна плоча СИРОМАШНИ И БОГАТИ.

BERNAYS PROPAGANDA настауваат на GLIMS фестивалот на 15 Декември. Нивниот трет албум ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА е снимен и е во фаза на продукција. Светлото на денот ќе го види на 26 Февруари, а Скопската промоција е закажана за 1 Март,со концерт во МКЦ. После тоа следува 9 неделна Европска турнеја.

Wednesday, December 5, 2012
MOLOKAI-You surf, we send piranhas pre-order

По се изгледа, МОЛОКАИ се деца кои животот ги гали. Сеуште средношколци, а веќе имаат опасен бенд, наскоро издаваат албум, свират заедно со најголемите македонски бендови... Нивниот деби албум You surf, we send piranhas излегува на 14 Декември. Пишете на: junkcola@gmail.com доколку сакате да го имате пред сите други!
Subscribe to:
Posts (Atom)