ск
Sunday, June 30, 2013
Развој на анархистичките идеи во Македонија
од Триво Инџиќ
Анархистичките идеи пристигаат во југословенските земји во втората половина од 19. век, најмногу преку посредство на Југословените кои работеле или се школувале во европските земји, во кои работничкото и социјалистичкото движење било најразвиено. Во Швајцарија се наоѓале многубројни јужнословенски студенти и револуционери, кои стапиле во контакт со Бакунин и Словенската секција на Јурската федерација. На почетокот на јули 1872 во Цирих е одржан и конгрес на српските социјалисти на кој присуствувал и самиот Бакунин и на кој е усвоена програмата на Српската социјалистичка партија. Борбата на југословенските земји за национално ослободување – пред сẻ од Австро-унгарска и Турска власт – поттикнува и пошироко прифаќање на модерните слободарски идеи.
Слободарските идеи пристигнуваат во Македонија преку македонските младинци кои студирале во Швајцарија и Бугарија кон крајот на 19-от век. Во Женева во 1897 и 1898 година се издавале две анархистички гласила: Глас и Одмазда, во рамки на т.н. Македонски таен револуционерен комитет, кој се борел за ослободување од Турската Империја и за создавање на Балканска социјалистичка федерација. Идеите на рускиот анархизам ги прифаќа и првиот македонски социјалист Васил Главинов (1869-1929), со кој во Софија се запознал и Гоце Делчев (1872-1903), водечка фигура во ослободителната борба во Македонија, основач на Тајната македонско-одринска револуционерна организација и водич на револуционерното илинденско востание во 1903 година[1]. Ова востание довело до создавање на Крушевската република, прва социјалистичка република на Балканот.[2] Делчев бил во блиски врски и пријателство со истакнатите бугарски анархисти Михаил Герџиков и Врбан Килифарски. Околу Делчев се собрале и многу други борци за независна Македонија – анархисти, меѓу кои и Петар Манџуков, кој во Скопје ја објавил Азбуката на анархистичкото учење (1898), Даме Груев, Јане Сандански, Никола Карев, Димо Хаџидимов и други.[3] Друга анархистичка група била и тајната терористичка група Гемиџии од Солун (Јордан поп Јорданов, Марко Бошнаков, Димитар Мечев, Константин Кирков, Павел Шатев, Милан Арсов, Владимир Пингов и др. ), кои со низа атентати на јавни објекти и установи сакале да го привлечат вниманието на светската јавност на македонската борба за независност, во текот на април 1903. Некои од овие атентатори погинале, останатите се фатени, осудени на смрт или прогонство во Мала Азија. Помеѓу 1910 и 1912 година делува анархистичката Меѓународна револуционерна балканска асоцијација Црвени браќа, со ограноци во Солун, Струмица, Куманово и Кратово, борејќи се против Турција а за слободна Македонија.
Забелешки од преведувачот
[1] Гоце не бил водич во илинденското востание, тој загинал пред да се случи, всушност и бил противник на востанието бидејќи сметал дека е предвремено.
[2]Не била создадена република, била формирана комуна но не и република. Секој разумен човек може да забележи дека немало можности за тој краток период и дадени услови за формирање на државнички функции.
[3]Освен Петар Манџуков, останатите не се анархисти.
ГОЛЕМАТА ВОДА на Живко Чинго
Големата вода е роман на Живко Чинго објавен во 1971 година. Раскажувањето во романот е предадено преку главниот лик Лем Никодиноски. Тој ја доживеал трагичната судбина на многуте деца без родители од повоениот период, кога тие биле оставени на грижата на строгите и сурови воспитувачи од сиропиталиштата .
Темата во романот е животот на децата, воени сирачиња, во домот за сираци „Светлост“ веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Насловот на романот е силна метафора за недостижната слобода. Нејзината симболика има хуманистичко и антрополошко значење

АЦО КАРАМАНОВ – Заборавениот поет
Ацо Караманов (Радовиш, 31 јануари 1927 – Смојмирово, Беровско 7 октомври 1944) бил македонски поет и учесник во НОБ.
Поет
Јас сакам да станам поет-динамит,
поет на борбата
со рафал во душата,
устремен напред
кон утрешниот ден,
со душа прекалена во тешки борби
во кои само љубовта кон робот татни.
Јас сакам да станам поет на трудот
и зад барикадите,
со пролет во душата
да пеам развиорен
со пушка в раце.
И пламен, во злите утроби на бедата
да стане барут на мојот стих
и виор бурен на моите мечти.
Јас сакам да станам поет-работник,
со песна груба
како плускавиците
на моите раце,
со моќен пламен на срцето.
Во него да пее великиот копнеж
и нашиот устрм
цврст како челик...
Јас сакам да станам поет-динамит,
со јарост во градите, со пролет во мечтите,
слбоден и силен и за борби жеден
буен,
бестрашен,
со глас бојна – труба,
јас сакам да станам поет на трудот,
на песна груба.
Затоа те љубам само тебе
о бурна борбо, о вриежу силен;
во твоите пазуви нека ме погребат
мене, синот и поетот огнолик на трудот.
И на барикади моќни кога ќе стапнам
среде дожд куршуми,
среде јаросен дим,
под јаркото сонце
ќе пеам
среќен!
И во мене денес љубов безмерна ечи
во бурната борба, во вриежот тој,
срцето денес нека ми биде пламен рафал
душата бура,
а рацете – меч.
Псалм за m-lle Lili
Сега сум сам во својата соба и затоа ви пишувам.
Мојата соба е мрачна, мојата соба е тажна,
и само моето жолто перо шумоли по хартијата
радосно, како вљубено врапче.
Затоа, mademoiselle чујте ги моите стихови,
иако не се доволно испеглани
да капнуваат
како eau de cologne,
во вашето нежно, плус тоа, музикално уво.
Можеби ќе ви бидам толку прост
како чкрипањето на селска кола,
а вие толку убави
со нашминкани усни и душа
како портокал грчки.
Вие што имате 32 заба и фустан со боја на `рѓосано злато,
вие, чиишто гради се премногу тесни да го
пропуштат сонцето,
вие, чијшто глас ѕвони како три хавајски мандолини,
чијшто глас е сладок како mocca torta,
слушнете ги сега моиве зборови, потопли од козјо млеко:
јас ли сум виновен што улиците на мојата душа се
ширум отворени
за оние што сакаат повеќе леб, повеќе сонце и небо.
Гледајте, моите очи имаат блесок на вашите
лакирани чевли,
моите уши се црвени од радост, како социјалистичкото
знаме,
зашто јас сум пијан од вашиот глас и поглед.
- Како се осмелувате?
- Но, mademoiselle,
та вашиот глас ми донесува три и пол кила радост,
и, иако сте поздодевна од стилот на Хорацие,
јас ве сакам повеќе од своите цокули, црни како
мртовечки коли,
па дури и повеќе,
повеќе од моето кученце што се вика Bubi
и грациозно лае: ав, ав, ав!
Mademoiselle, јас сум сам во собава
и ве прашувам:
зошто вашиот поглед е посладок од бонбоните Nestley,
зошто мојот глас, што ѕвони како селска камбана
трепери како беззаб и белобрад старец
кога ќе ве видам и поздравам:
Bonjour, m-lle Lili!
Но, вие не сте сама. Кај вас има журка.
Кај вас има 15 гости, 1253 раскокодакани зборови,
15 ,,добредојдовте“ и 15 ,,како сте“,
15 цилиндри, + 15 празни мозоци, + 15 дебели черепи,
кај вас се: баталјон фрази готови за старт,
кај вас се 15 * 2 = 30 бели ракавици,
кај вас е: журка, журка, журка.
Но јас нема да дојдам кај вас,
зашто немам цилиндер, ракавици, ,,Благодарам на
прашањето, арен сум“
Затоа чујте:
Нема да дојдам кај вас, туку ќе ви напишам едно писмо,
добродушно, како магарешки уши.
А ако вие не ми одговорите,
тогаш од жал и кивавица
ќе се најадам конзервирани сардини,
Франсис – Жамови елегии
и Андерсенови бајки.
И смртно ќе се разболам од љубов,
па ќе го земам своето кученце Bubi,
ќе го бакнам во муцката
и заедно ќе залаеме од жал и љубов,
вака:
Ав, ав, ав!
Ау, ау, ау!
31.1.1944, Радовиш
Денес полнам 17 години. Дали јас тоа полнам 17 години? О, не! Тоа ние, ние полниме, ние – деловите на едно битие коешто се вика А.К. – тоа сме ние: А.К. поетот, А.К. скептикот, А. К. човекот.
Си дозволувам да кажам нешто за себе.
Јас чувствувам дека во мене живеат тие тројца луѓе, три парчиња на моето битие. Од градите мои пее ритам не на едно, туку на три срца! Кои се тие тројца?
Еве ги:
А.К. поет. Тоа е петгодишно невино детенце со големи сини очи, босо, со разбушавена коса. И јас знам: тоа секогаш ќе остане дете. Во неговите малечки ноздри секогаш трепери силниот мирис на далечината, во неговите очи ги огледуваат своите лица пенливиот оган на румените утра и ведрите, пијани занеси на сините ноќи! Секоја ѕвезда оставила по еден блед, топол зрак во нив – затоа се толку топли. Тој сака да разговара со дрвјата, да пее и скока со ветрот, да плаче со липањето на жуборот на есенските матни води, да плете на зима радосно, радосно, заедно со снегулките и да се прпелка во снегот. Тој сака сè! Дали и него го сакаат сите? Тоа мало петгодишно детенце! Колку многу го сакам?! О, мало дете со сини очи, кажи ми зошто плачеш, гледајќи ги гладните треперења на вечно испружената рака на оние коишто страдаат? Зошто сакаш да шеташ по аглите на градот и да ги гледаш тие вечно гладни очи, тие измачени модри гради коишто ги испива глад, сите тие ранети раце, сите тие сини, искривени усни кои шепотат?
Ти мало петгодишно дете кое си добило срце само за да може да го раздадеш на другите, ти – брат на снегулките, ти – кој плачеш гледајќи ги оние кои страдаат, ти – кој ја сакаш и најмалата тревка, кој го слушаш разговорот на летот на ластовиците со жуборите на планинските поточиња, кажи ми –
зошто толку многу те сакам?
А. К. скептик. Уште кога имаше 15 години, тој имаше мозок на осумнаесетгодишен. Тој 17-годишен старец, со срце кое се крепи на штаки и со мозок кој сака да меле, анализира и уништува сè што ќе допре! Тој 17-годишен Мефисто!
Тој сака секогаш да е сам. Сам да се шета, гласно да разговара со себе, да гестикулира, да вика некому во себе и да си докажува нешто себеси.
Зошто треба да го носам во себеси и тој човек? Јас се плашам од него, многу ужасно. Јас се плашам нешто да кријам. Од него, од него, којшто уништува сè, кој се смее на сè, можеби затоа што сè разбира повеќе отколку што му е дозволено на еден човек. Тој не почитува ништо, не верува во ништо, ништо не сака, но, ништо и не мрази. Тој човек којшто е ладен и непристапен како гроб, којшто за сè има само една иронична насмевка, само едно ладно молчење. Тој го мрази занесот, чувствата и во сè гледа само попусто наместена поза, вештачка гримаса, ништожност во ефемерноста на се.
Тој мисли дека е демонски интелигентен, бидејќи во својата 11-та и 12-та година веќе го читал Кант и Бергсон, го критикувал Ниче и Шопенхауер, им се смеел на Хегел и Фауст. Тој А. К. којшто уште од својата дванаесетта година престанал да верува во Бога, тој скептик кој во трет клас, на свои 13 години, измислил своја филозофска теорија и врз основа на неа сакал да се убие сосема ладнокрвно. О, колку добро ја паметам таа ноќ! И да не беше А.К. поетот можеби веќе ќе скинев конци.
Затоа сè уште се плашам од тој А.К., сеќавајќи се на таа ужасна ноќ. Зошто?
Тој е оној кој со својот сомнеж ги уништува најдобрите моменти во мојот живот, кој со својата насмевка ги труе моите најсветли мечти, којшто со железното копје на својата студена логика ги убива моите најчисти восхити, кој со ножиците на својата иронија ги сече крилјата на моите најмеки чувства! И затоа го мразам и се плашам од него истовремено.
Но, тој, сепак, понекогаш е човек. Тој сака да се буди во 11 и пол и да остане буден до пет часот наутро. Тоа се моите најпламени моменти, бидејќи А.К. поетот и А.К. скептикот тогаш престануваат да се лутат еден на друг, таа вечна лутина меѓу нив престанува за момент и тие двајцата заедно со третиот човек кој е во мене формираат една целина, хармонична, ведра и дива како парче од камена карпа. И од нивните срца се раѓа песна понесена од огнот на создавањето и сите мечтаења, сите матни, нејсани како облици на предвечерјето, сомнежи и сите полуизвици и полупискоти повторно добиваат изглед на еден единствен хармоничен облик и се капат во светлото на еден единствен пламен, исполнувајќи ги со огнот на својот ритам распеаните катчиња на моето срце.
Но, тоа трае само миг, бидејќи веднаш потоа се одвојува една третина од моето битие, се облекува во иронијата на една недоверлива насмевка, во мрак, ладен гроб, во мрак на молчење.
А.К. скептикот е набљудувач, премногу добар набљудувач на другите и на себеси. Тој труе сè со своето набљудување кое сè врши од негова страна со непријатно ладна математичка точност. Како фотографска камера, како ладно кристално огледало тој го снима и најмалото движење на своето срце, најмалото бранче на некое возбудување на душата, само за да може потоа да го анализира со ладното око на скептикот, да му се насмее, да го подложи на потсмев, да ја претвори во студенило на рефлексија радосната и чиста топлина на чувствата кои проникнуваат во душата како зелено стебленце на цвеќе. Тој со груба рака на циник вади сè што поминува во потоците на ширум отворените сетила, го умртвува, го анализира распарчувајќи го, кинејќи го на составни делови така што на крај останува само прашина која неговата немилосрдна уста, растворена во студена насмевка, за миг ќе ја дувне од дланките.
Дајте ми нож да го убијам тој човек во себе, тој човек од кој толку се плашам и кој толку го мразам.
А.К. човек. Од сите тројца во мене, тој човек најмалку го познавам, можеби затоа што градењето на неговото битие не е довршено. И затоа сега, кога зборувам за него, ќе зборувам само за она мало делче на неговата душа и на неговиот ум, за коишто забележав дека навистина постојат.
Тој е пред се болно чувствителен човек, кога е сам сака да е меланхоличен, но сепак – тоа не е, иако така му се чини, меланхолијата не е вистинска меланхолија. Во самата суштина тој е еден Словен und niht mehr.
Дали е тоа еден човек? – тоа прашање ме измачува. Знам дека е Словен, дека сака јасни контрасти помеѓу светлината и сенката на животот, дека во светлината на животот и на своето битие ги бара најмрачните нијанси на неговата сенка. Тоа предавање, потполно, големо и светло себепредавање на предмет којшто го сакаме, таа бескрајна љубов којашто соединува сè и таа омраза насочена кон светот исто толку колку и кон себе – тоа се карактеристики на Словен. Тие јасни спротивности, крајности кои сепак се допираат, иако некогаш заемно се соединуваат – тоа се двете големи крилја на словенската душа.
Болно чувствителен, нервозен, кој сака да се плука себеси и другите – ете тоа е А.К. Тој е понекогаш Дон Кихот, понекогаш е шепот на ноќната трева, понекогаш е Санчо Панса. Всушност, во секое битие на овој наш космос струи барем една капка од неговата крв.
Ете толку знам за него. Кога ќе научам нешто повеќе – ќе го напишам пак овде.

АНАРХИСТИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО СКОПЈЕ - Денес!!!
АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ
http://anarhija.freediscussions.net/h42-page
http://anarhija.freediscussions.net/
ЦРН БЛОК
http://crnblok.blogspot.com
СЛОБОДА
http://sloboda-af.blogspot.com
АНАРХИСТИЧКА БИБЛИОТЕКА
http://mk.theanarchistlibrary.org
ТЕРОР 13
http://teror13.anarhija.org

Subscribe to:
Posts (Atom)