ск
Thursday, September 11, 2014
Кажи СТОП!!!
По повод процедурата за носење нов Закон за заштита и благосостојба на животните и важноста истиот да биде унапреден во секој домен на заштитата на животните, без исклучок; т.е. животните независно од својот вид (дали куче, мачка, или прасе, крава, кокошка, зајак) да бидат уважени како свесни, интелигентни и чувствителни живи битија на кои по раѓање им припаѓа слобода и право да живеат согласно потребите на својот вид, на 14.09.2014 (недела) во 12:30 часот ве повикуваме на МИРЕН СОБИР И ПРОШЕТКА со милениците од Градски парк до Собранието на РМ. Донесете го со себе и вашиот миленик, за да бидете заедно гласот на животните!
Собирот е насочен кон сите - институциите и кон јавноста.
КОЈ АКО НЕ ТИ, КОГА АКО НЕ СЕГА!
1. Дојди зошто сега е мигот да се бориме за законска забрана на користењето еутаназијата како метода за намалување на бројката на бездомни животни, зошто е сурова, примитивна, не постигнува никакво решение! Во оваа борба добивме поддршка од 23 пратеника на ЕУ, ја бараме сега поддршката на пратениците на Р. Македонија!
2. Дојди за да речеме не за дискриминација на кучињата по раси и нивно нарекување „опасни или агресивни кучиња“ , зошто вината што некое куче е опасно или агресивно не зависи од расата, туку од тоа дали ги чува одговорен, или неодговорен , агресивен човек! Бараме најстроги казни за сопствениците кои поттикнуваат агресија кај кучињата, а никако убивање на кучињата кои еднаш ќе нападнат (предложено во новиот закон), или кучиња затекнати во борби – со нивното убивање се амнестира одговорноста на сопственикот, а се елиминира кучето, кое и самото е жртва!
3. Дојди за да не дозволиме да се воведе можноста да се вршат експерименти врз кучиња, мачки, диви животни и други животни , да не се даде можност да и на овие битија се врши сакатење, вбризгување отрови, импутирање електроди и спроведување методи кои се варварски, екстремно болни и сурови; да успееме и издејствуваме редукција на есперименти врз животни секаде каде што постои меѓународно признаен алтернативен метод .
4. Дојди за да бараме законски забрани за одредени постапки и најстрого казнување на сите оние кои би предизвикале страв, болка, психофизичко страдање на животните, ги осудиме секогаш и секаде, колективно и јавно.
5. Дојди за да привлечеме внимание на суровоста на фармската индустрија, пеколот, страдањата и обезвреднувањето на милиони прекрасни, чувствителни битија (кокошки, гуски, крави, прасиња, овци, зајаци и др) и да влијаеме некому во изборот да поддржи живот без насилство, стане вегетаријанец или веган .
6.Биди промена која сакаш да ја видиш во светот. Биди глас во нивно име. Многу често, разликата помеѓу нечиј живот или смрт ја правиш ти!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment