ск
Wednesday, July 17, 2013
17 јули 1936
– почеток на Шпанската граѓанска војна и револуција
На денешен ден – 17 јули 1936 година започна Шпанската граѓанска војна, позната и како Шпанска револуција. Тоа била војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните елементи, на чело со Франциско Франко од друга.
Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите фигури што се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.
По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играат комунистите.
* * *
„Живеејќи ја утопијата“ (Vivir la utopía / Living Utopia) е уникатен документарен филм во кој се испреплетени историски сведоштва за почетоците и развојот на Шпанското анархистичко движење, фокусирајќи се на војната од 1936-тата. Филмот претставува отсликување на филозофските основи нa едно такво движење и нивната практична примена. Во исто време информативно и инспиративно истражувачко дело, филмот се смета за богатство помеѓу историчарите и бунтовничките срца. Најголемата заедница од овој тип во Европа во тоа време, милиони селани и урбани работници успешно воспоставиле општество базирано на рамноправност, заемна помош, партиципаторна демократија и само-организација – сето тоа без централизирана држава или власт. Овој фасцинантен, но сепак во голем дел непознат социјален експеримент на крајот бил уништен од сили од внатре и надвор од земјата.
Monday, July 15, 2013
Sunday, July 14, 2013
АНИМА МУНДИ
јавна борба против секој вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот
Здружението за заштита на животните АНИМА МУНДИ е здружение на граѓани создадено за да иницира заложба и јавна борба против секој вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот.
Целиме кон индивидуална и колективна промена на човековата свест и ширење свест за вистинската природа на животните како битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи битија кои чувствуваат имаат право на живот и слобода. Крајна цел на АНИМА МУНДИ е укинување на сите облици злоставување, мачење и експолатација на животните од страна на луѓето.
1. Во контекст на остварување на таа цел настојуваме за укинување и забрана на:
Убивањето и мачењето на животните во име на која било цел – кланици, лов и риболов, експерименти над животните, одгледување на животните за потребите на сите видови индустрија, искористување на животните како домашни миленици, искористување на животните од забавни потреби (циркуси, золошки градини, хиподроми и сл) и останати себични човечки потреби.
2. Максимално ќе се ангажираме за:
Заштита на напуштените и бездомни животни, овозможување на соодветна помош и осигурување на нивно сигурно сместување.- Заштита на сите животни во поединечни случаи на измачување и суровост- Заштита на загрозените и заштитени видови во нивниот природен околиш, како и заштита на видовите кои се дел од трговија и загрозување.- Промовирање и посочување на вегетаријанство и пред се веганство како етички и еколошки одржлив животен стил, едуцирање за вегетаријанството и веганството како здрав облик на исхрана.
3. Едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата
Подигање и развивање на еколошката свест и заштита на животната средина;
Притоа:
1. Ќе дејствуваме и ќе ја шириме свеста за поврзаноста помеѓу човекот и животните и за нивната вистинска природа како суштества со чуства на болка и страв,
2.Ќе оганизираме едукативни кампањи со кои низ информирање и дружење ќе влијаеме на свеста за заштитата и правата на животните и нарушувањето на тие права:
организираме јавни дебати и трибини
дејствуваме преку медиуми
дистрибуираме пропагандни материјали
организираме мирни протести
организираме потпишување петиции и
пишување на протесни писма
3. Ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за состојбите во која животните се наоѓаат,
4. Ќе се заложиме за кривично гонење на поединци, групи или институции одговорни за кршење на законите кои ги штитат животните,
5. Со своето дејствување ќе го поддржуваме донесувањето закони кои на животните им гарантираат слобода на живот и слобода според нивниот вид
6. Ќе информираме и лобираме на градско, државно и интернационално ниво со цел да се слушне прифати и соодветно организира заштита на животните.
7. Ќе соработуваме со локални, национални или меѓународни организации кои со кои имаме исти цели и заложби.
COMMON STRUGGLE ( EX-YU ANTI FASCIST ACTION )
In early november of 2012, we finalized work which for local standards, was an entirely unique musical release. It is a compilation called "common struggle", which in the form of CD contains 23 tracks of music and bands from the former Yugoslavia. What makes this music edition specific, is that it originated as a joint venture of anti-fascist groups from throughout the former Socialist Federal Republic of Yugoslavia and, for the first time, brought together musicians with a clear anti-fascist worldview from almost all countries of the ex-Yugoslav space. Therefore, it is much more than just music.
This is the first joint project implemented minded individuals and groups from all countries of the former Socialist Federal Republic of Yugoslavia, which has nearly 30 years of almost continuous exist in a hostile state, condition of eternal conflicts that grew into open hatred, manifested in the recent past through bloody wars between our people. In such a social atmosphere where the voices opposing the dominant ideologies of nationalism and fascism whispering or overridden by the right-wing noise high volume, strong integration and anti-fascist organization is imposed as the need arises. The interconnections between the people of the area the same or similar language, historical heritage and difficult present, necessarily refers to one another all those who see beyond the walls of the prevailing tribal awareness of the local ruling classes. The need to challenge and overcoming the grim reality of our societies, which for over two decades, with more or less intensity, dominated by the ideology of nationalism and fascism, has become an existential character.
In the wake of this, the music is a compilation of small, but potentially very important step towards a better interconnection of all active anti-fascist groups and individuals from this area who in quite difficult conditions act independently and against structures of regional states, which, in fact, leaders and influential promoters of retrograde politics of nationalism. Fighting in their local communities is the basis of the anti-fascist action, but by itself is insufficient in the space we inhabit, which works on a system of communicating vessels, where right-wing insanity occurred in one of the states, automatically causes the identical right-wing insanity in almost all other countries with territory of Yugoslavia. This is why it is necessary for joint, synchronized action anti-fascists in every part of the Balkans, it is the only way that can effectively fight against the fascist evil that continues to dominate the region.
The concept of this compilation is naturally derived from the fact that the alternative (sub) culture here, and a global, base anti-fascist activism younger population. The idea of freedom and questioning of traditional authority, as the principle of alternative (mostly punk-rock) music and subculture logical to fascism as a political and, above all, life, human orientation. That is why the music content compilations such dominant. But staying in this framework, which are too narrow for the size of the anti-fascist ideas would be inappropriate to the task that the idea has set for itself. Therefore, attempts to encompass a wider and more diverse range of musical performers in his former work openly promote those principles and values to which the project was conducted. Accordingly, this CD contains the widest range of local alternative music scene, from the completely "underground", the general public little-known punk bands, such as The Truth, Catmas, impure or similar, to established names like alternative music Fakofbolan, Active Propaganda, Red Union and the bands that can be said to belong to the regional "mainstream", or even beyond, like Darko Rundek, Kultur Shock, Atheist or Rapa St! llness's.
Booklet, or "booklet" of this issue, clearly and impressively thorough basic info contain and the socio - political position you are local anti-fascist groups. In addition to the compilation of texts of songs, a paper of this publication contains the famous essay by Umberto Eco's "Ur-Fascism" (Eternal Fascism), in which was the epitome exposed thesis that the danger of fascist ideology has not disappeared with its military defeat in 1945. year, but, on the contrary, often in new and insidious forms and forms are constantly present in the existing capitalist socio-economic system, because it is their bad debts, in fact, produced "in your lap."
At first, shockwave side of the photo booklet Mate Parlov largest Yugoslav boxers of all time, the European, World and Olympic champion in the light heavyweight category, which is outside the box, in everyday life led by the noble principles which are summarized in his legendary statement during the worst of the nationalist bloody orgy in this region, which is immortal in size as much as his sporting achievements, "How can I be a nationalist if I'm a world champion? Many people do not understand. They were the winners of the state, and often do themselves did not manage to win. The world marveled at my results, and they all accepted me as her everywhere, black and white, anyway. I met the world, and cannot be anything but a cosmopolitan. So I look at sports and the life. "
The image of Mate Parlov today, modern fascism in the region's most loyal symbolic expression that includes all its proclaimed principles; willingness and persistence to a large and devoted work, superior to the realities in which you happened to be a universal, humanistic attitude towards people and the world whose we are part of and, quite often, not least the willingness to physical confrontation and defend the principles of equality and brotherhood among the people of, by nature, aggressive and oriented towards the domestic fascist and nationalist ideology. Because of the characteristics of fascism which is massive, the primary means of organized violence to achieve political goals, fascism must always be prepared for a physical confrontation with him.
Last, as this release contains the visual sense is a photograph partisans, members of the National Liberation Army of Yugoslavia in World War II, which was also expressed a clear position by the growing global trend of historical revisionism, which takes the most radical right in the former Yugoslavia, which current regimes rehabilitate local fascist Quisling army from the period of the Second World War, questioning the colossal size of the local anti-fascist historical heritage. The symbolism of the authors of this compilation have shown another very important component of the local contemporary fascism which cherishes and nurtures fascism partisan historical heritage of the area.
As was mentioned at the beginning, the technical development of the compilation is only a small first step towards the goal. It will require a lot of work that the idea that this publication carries reach a wider range of people and encourage them to actively engage in the fight against fascism and firmer cooperation. Promotion of this edition will be held throughout the year, through a series of concerts and other activities in the framework of which will be distributed to visitors of these discs events in several cities in almost all ex-Yugoslav states. We invite all free people from the region to follow the progress of this compilation and promotion of their participation support the idea behind it.
DEATH TO FASCISM!
www.zajednickaborba.com
Saturday, July 13, 2013
ЦРН БЛОК е анархистичка група базирана во Скопје
ЦРН БЛОК е анархистичка група базирана во Скопје, која се залага за општество кое почива на принципите на индивидуална и колективна слобода, рамноправност, солидарност и заемна помош, лишено од секаков облик на репресија, хиерархија и власт на човек над човека.
Сметаме дека слободата и рамноправноста не можат да се достигнат без да се раскрсти со сите облици на власт - како политичката власт на државничката елита, така и економската власт на сопственичката врз работничката класа. Борејќи се за бескласно и бездржавно општество (или слободарски комунизам), нужно се бориме против државата, како структура која постои за да ги заштитува интересите на владејачката класа и да ги обезбедува капиталистичките односи во општеството, односно експлоатацијата на работничкиот труд, од каде произлегува сета моќ на владејачката класа, сета нерамноправност меѓу класите и сета беда на непривилегираните слоеви. Општеството го делиме на две класи: експлоататори и експлоатирани, и секој поединец, организација или структура која го помага одржувањето на власта на ескплоататорската класа го сметаме за непријател на слободата. Како поборници против секаков вид на репресија и нерамноправност, ние, разбирливо, сме и антиавторитарци, антикапиталисти, антимилитаристи, антиклерикалисти, антинационалисти.
Основни принципи на кои се базира, но не се ограничува нашето делување се: (1) директна демократија, како принцип врз кој се заснова внатрешното организирање на нашата група, преку кој во пракса покажуваме како би функционирал во било кој колектив антиподот на претставничката (посредна) демократија; (2) директна акција, како метод на борба кој подразбира делување вон рамките на правниот систем, политичките партии и државата, а кој историски се покажал како ефикасен метод за уценување и принудување на газдите и државата, преку штрајкови, блокади на патишта, окупација на работни места и државни установи, саботажа и други методи кои времено го попречуваат трупањето и протокот на капитал; (3) солидарност и заемна помош, како клучни принципи како за единството на припадниците на нашиот колектив, така и за единството на сите експлоатирани луѓе во нивниот судир со владејачката класа, но и како суштинска спротивност на натпреварувачкиот дух кој се негува во капиталистичкото општество и континуирано ја продлабочува отуѓеноста на поединците едни од други.
Нашата улога, како идеолошка анархистичка група, е да влијаеме врз поголемите општествени групи - работници, селани, студенти, и внатре во нив да ги шириме основните идеи на анархизмот: федерализам, директна демократија, директна акција, рамноправност, солидарност и автономија. Наша задача е во пошироките слоеви да повлијаеме преку самоеманципација да се изгради една широка култура на отпор и солидарност, како неопходност за секое социјално движење кое ќе се спротистави на постоечките односи во општеството. Освен константната пропаганда преку која настојуваме да ги приближиме анархистичките идеи до пошироките слоеви и општествени групи и да ги разобличиме владејачките односи во општеството, ќе земеме и активно учество во сите прогресивни социјални превирања (од протести, штрајкови, блокади, движења, до конкретна помош на работници кои се во судир со нивните газди и/или властите), со цел што повеќе луѓе, рамо до рамо, да се запознаат со нашата пракса и теорија. На тој начин ќе ги поставиме основите за во иднина да бидеме колективно способни да создадеме слободарски алтернативи на капитализмот и државата, на хиерархијата и нерамноправноста, на бедата и отуѓеноста.

Friday, July 5, 2013
ПРОЕКТОТ АЈДЕ!
Надминувајќи ги границите и нациите!
Залагајќи се заедно против национализмот!
АЈДЕ е иницијатива на другари кои живеат во Скопје и Солун. Не спојуваат лични и политички односи.
Почетната точка за нашето активирање беше волјата да се спротивставиме на реториката репродуцирана од националистичката еуфорија поврзана со 100-годишнината од „ослободувањето“ на Солун во Грција и 100 години од потпишувањето на Букурешкиот договор во Република Македонија.
Сакаме да ја постигнеме оваа цел споделувајќи гледиште кое извира од нашите секојдневни искуства во земјите во кои живееме и од нашето учество во сферата на општествениот отпор.
Неодамна започнавме, најдобро што можевме, дискусија која се однесува на политичкото читање на историјата и на продлабочување на теоретски прашања како: значењето на „нациите“, употребата на националните симболи и улогата на националните држави во рамките на денешната капиталистичка криза.
Го одбравме зборот „ајде“ бидејќи е заеднички збор на Балканот. За нас „Ајде“ значи „да поттикнеме“: ајде да промовираме антинационализам и подобрување на класната борба. Тука, таму, насекаде. За свет без граници, авторитети и експлоатација.
Прочитајте го заедничкиот труд во облик на книга тука
Thursday, July 4, 2013
Анархистичкото движење во Македонија
( Краток осврт )
од Стефан Симоновски
Забелешка #1: Овој осврт првично беше објавен во Италија, за каде што и беше пишуван, за подоцна да биде објавен и на српско/хрватски на http://www.anarhisticka-biblioteka.net , па оттаму и неговата структура е прилагодена за таа цел. Ова е неизменета интегрална верзија на македонски јазик.
Забелешка #2: Ова е само еден кракот напис со цел да се добие една општа претстава и да се посочи на постоењето на анархистички идеи и акции и во овој крај од светот. Нема за намера да биде дефинитивен приказ за анархистичкото движење во Македонија, ниту пак навлегува во некаква посериозна анализа за самата неговата структура, тенденции, недостатоци. Тоа го оставаме за некоја друга прилика.
***
Појавата на анархизмот во Македонија датира од почетокот на последната деценија од 19 век. Првите посериозни обиди се поврзани со таканаречениот „Женевски кружок“, формиран 1897 во Швајцарија како Македонски таен револуционерен комитет од страна на студенти анархисти од Македонија и Бугарија. Истата година го издаваат и она што се смета за првиот анархистички весник во овие краишта, „Одмазда“. Пишуваат и „Апел“ и „Програма“ кои се дистрибуираат во Македонија која е под турска власт. Во нив Комитетот им се обраќа на слободоумните жители на Македонија и изјавува дека е организиран да ја „уништи власта на тираните, да ги разбие оковите на робовите и ослободи со векови угнетените Македонци“ (1).
Со оглед дека Македонија е под турска власт, а во духот на времето и опкружувањето во кои преовладува идејата за национално ослободување, најголем дел анархистичкото движење, на овој или оној начин, е дел од борбата за национално ослободување на Македонија. Битно е да се напомене дека македонското и бугарското анархистичко движење всушност делат една иста историја, која во согласност со тогашната политичко-општествена ситуација на Балканот во најголема мера е насочена кон борба против тиранијата на Отоманската империја (2) .
Во 1898 најголем дел од членовите на Женевскиот кружок доаѓаат во Македонија да се посветат на просветна и револуционерна дејност и се вклучуваат во националослободителното движење на Македонија. Истата година во Скопје, Петар Манџуков (член на Женевскиот кружок) ја пишува и издава Анархистичка азбука. Набрзо потоа е уапсен и осуден на смрт за противдржавна дејност, но пресудата подоцна е преименувана во доживотен затвор. Таму се обидува да се обеси, но не успева во својата намера. После тоа следува разгледување на делото, со што најверојатно под влијание на неговиот вујко владика и со поткупување на властите е ослободен (3).
Тој инаку со уште двајца анархисти во 1900 (Слави Мерџанов и Петар Соколов) коваат план да извршат атентат на турскиот султан Абдул Хамид, но замислата не им успева. Подоцна копаат тунел под Отоманската банка во Истанбул со цел да ја кренат во воздух, но и тој обид им пропаѓа.
Во тој период важно е да се напомене дека постојат повеќе анархистички групи и струи кои немаат подеднакво мислење во однос на учеството во движењето за национално ослободување. Постојат две главни струи, од кои едната се залага за организирано учество во движењето за национално ослободување и присоединување кон истото. Како најмаркантен претставник на таа струја е Михаил Герџиков, кој долго време ќе биде десна рака на една од најзначајните фигури во македонското движење за национално ослободување, Гоце Делчев, кој под негово влијание ќе почне да развива и симпатии кон анархизмот. Другата струја се залага за самостојно делување на анархистите. Од таа струја најпознатата е групата „Гемиџии“ која во 1903 во Солун ги изврши веројатно најголемите терористички акции изведени од анархисти во Европа. Целта им е да ја дестабилизираат Отоманската империја и да го привлечат вниманието на големите сили кон Македонското прашање. Акциите траат 4 дена. Меѓу другото, во Солунското пристаниште кренат во воздух е францускиот параброд „Гвадалкивир“, разнесен е возот што сообраќал на линија Цариград (Истанбул) - Солун (нема жртви во овие две акции), резнесена е зградата на Отоманската банка. Најголемиот дел од учесниците во овие акции загинуваат или извршуваат самоубиство (4).
Друг важен момент од тој период е Илинденското востание против турската власт од 1903 година. Голем дел од анархистите учествуваат во него. Во Крушево е прогласена и република која успева да издржи 10 дена, пред да биде крваво задушена како и целото востание на останатите територии од Македонија. Инаку, Крушевската република се смета за прва република на Балканот. Очекувано, по задушувањето на востанието следуваат силни репресии и голем број анархисти емигрираат во Бугарија. Дел продолжуваат со учество во движењето за национално ослободување сè до 1906-1907, кога по сè посилното влијание на бугарскиот царски двор во движењето за национално ослободување, анархистите заклучуваат дека учеството во истото е губење време и се посветуваат само на анархистичка пропагандна дејност (5) .
Непосредно после тоа, двете Балкански војни и Првата светска војна негативно влијаат на развојот на анархистичкото движење. Втората балканска војна ја започнува Бугарија, која незадоволна од своите придобивки ги напаѓа своите сојузници во војната против Турција, Србија и Грција. После тоа се случува поделба на географската територија на Македонија помеѓу Бугарија, Србија и Грција. Она што денес е познато како Република Македонија, инаку позната и како Вардарска Македонија, е делот што ѝ припаднал на Србија.
Овде во Македонија постојат многу малку информации за делување на анархистички групи и организации во периодот од Првата до Втората светска војна. Искрено, јас немам многу, знам за постоењето на одредени анархосиндикалистички групи во источниот дел на Македонија, но ништо повеќе од тоа. Како што напоменав, голем дел од анархистите емигрираат во Бугарија и континуитетот на движењето во Македонија полека се губи и исчезнува, додека во Бугарија тој се одржува, особено со формирањето на Анархо-комунистичката федерација на Бугарија (1919). После Втората светска војна во Македонија (која тогаш станува федеративна република во Југославија) настанува целосен вакуум што се однесува до анархистичките идеи и делувања. Колку што мене ми е познато, во тој период (од 1945 до 1990) не постои ниту една анархистичка публикација на македонски јазик. Ниту пак постојат некакви записи или информации за дејствување на одредени групи, а не знам ниту за поединци од Македонија кои биле дел од некакви анархистички делувања во Југославија. Навистина, информациите за тој период се исклучително штури.
Тоа се менува по распаѓањето на Југославија кога во средината на 90-те се јавува видливо раздвижување на тоа поле. Најпрвин во одредени фанзини почнува се почесто да се споменува и да се пишува за анархизмот, а потоа полека тоа почнува да се развива и во други облици. За некое организирано делување, сепак не може да се говори.
Позната ни е политичката ситуација во регионот од последната деценија на 20 век, распадот на Југославија и војните (во Македонија немаше војна, а Македонија во светската јавност беше претставувана како Оаза на мирот, како единствената република која се отцепи од Југославија на мирен начин. Но тоа само неколку години подоцна ќе се промени, докажувајќи дека тоа беше само една обична пропагандна конструкција наменета за политички цели), бомбардирањето на Србија и НАТО интервенцијата на Косово 1999, па конфликт во Македонија во 2001 меѓу Албанците и Македонците, кој всушност беше врвот на нивната меѓусебна етничка нетрпеливост. Конфликтот траеше околу половина година и се заврши со потпишувањето на т.н. Охридски договор кој гарантираше поголема интеграција на Албанците во институциите во Македонија, односно поголем дел од колачот на власта. И покрај сите декларативни помирувања, етничката поделеност сè уште е клучна во дефинирањето на општествени и политичките односи во Македонија. Имајќи ги предвид сите овие појави, беше нормално анархистите голем дел од своите активности да насочат во тој правец и да земат учество во тековите кои се спротиставуваа на милитаризмот, војните, национализмот. Оттаму, во тој период (крајот на деведесеттите) се формираат и делуваат неколку неформални и грас-рут групи во кои учествуваат значителен број анархисти и кои претежно за своја агенда го имаат антимилитаризмот и антинационализмот. Тука се АМАН, ГАМА, Мировна Акција (која подоцна продолжи да функционира како формална група; постои и денес), кои издаваат брошури, летоци, њузлетери, организираат антивоени акции.
Типична анархистичка група која е поактивна и видлива во тој период е КСИ (Колектив за слободарска идеја). Преведоа, издадоа и дистрибуираа голем број памфлети, а неколку години го издаваа и њузлетерот „Со глава низ ѕид“, чија фреквенција на излегување беше два броја годишно. Последните броеви всушност прераснаа во формат на списание. Излегоа 8 броја од кој последниот во 2003. Преводите беа претежно од анархистички класици (како Бакунин, Малатеста), но имаше и некои понови теориски прилози. Според нивните тврдења, во периодот додека колективот функционираше, вкупната бројка на дистрибуирани памфлети (заедно со сите броеви на њузлетерот) изнесува околу 10.000 копии. Што за тогашните (а богами и сегашните) услови и околности во Македонија е сериозна бројка. Во еден момент имаа и краткотраен флерт со анархосиндикализмот, имајќи идеја да формираат формална организација со статут и програма, но многу брзо се откажаа од таа намера.
2000 год. беше одржан екс-Ју анархистичиот собир во Зеленковац (БиХ), кој требаше да биде некаков обид за поврзување и заедничко делување на анархистите од регионот. Учествуваат и неколкумина анархисти од различни групи од Македонија (Скопје и Прилеп). Но веројатно нееднаквата развиеност на движењето во новоностанатите средини/држави, како и незрелоста и неискуството, не овозможија некое посериозно здружување и заедничко делување. Но контактите останаа и еве сега, години подоцна, постојат одредени поместувања во однос на тоа. Сепак, тој собир имаше како последица размрдување и интензивирање на активностите меѓу анархистичките групи во Македонија, како и вжештување на меѓусебната дискусија и судири.
Инаку, анархистичките активности од крајот на минатиот и почетокот на овој век главно се во Скопје и во одреден период во Прилеп. Во тоа време постојат и два инфошопа и библиотеки, кои делуваат како точки за среќавање на разните слободарски групи и поединци. Прво се оформува еден во Скопје, а потоа и во Прилеп.
Се организираат разни активности, дискусии, проекции, директни акции (главно беа за време на парламентарните избори, против мултинационалните компании...). Но не постои некое помасовно присуство на улиците.
Во 2003 по иницијатива на другарите од Солун се организира балкански анархистички собир на кој присуствуваат и анархисти од Македонија. Таа година во близина на Солун се одржува и Европскиот самит, а одреден број на анархисти од Македонија учествуваат во активностите и протестите насочени против него. Истата година во Скопје се одржуваат и протести против војната во Ирак, со воочливо учество на анархисти, а се интензивираат и контактите со групи од Бугарија и Грција.
2004 во Скопје се организира анархофеминистички фестивал со учество на разни групи и поединци од регионот, но и пошироко од Европа.
2003 со работа започнува Плоштад Слобода, првиот сериозен обид за анархистичко издаваштво, издавајќи повеќе брошури и памфлети, а во 2004 и првите анархистички книги на македонски јазик. Фокусот беше ставен на современите и неортодоксни анархистички теории и струи (Боб Блек, Фреди Перлман, Хаким Беј, Џон Зерзан, Алфредо Бонано итн.) Но после само неколку години проектот замира.
Треба да се истакне и сајтот terror13 кој генерираше анархистички вести, а имаше и онлајн архива на текстови и кој успеа да се одржи подолг период, некаде околу 8 год. Со работа престана пред отприлика 2 години.
Значи постои одреден нагорен тренд во анархистичкото делување се до 2005-06 кога започнува едно затишје кога кај голем дел од поединците кои најдиректно учествуваа во него се чувствува некаква истрошеност, замор и разочарување од неуспехот да се изгради една поцврста основа од која би можело да произлезе анархистичко движење во вистинска смисла на зборот.
Затишјето трае некаде до 2009-10, кога повторно се чусвтвува придвижување со доаѓањето на нова, помлада генерација.
Повидлива група од овој период е Анархистички фронт, која одреден период водеше инфошоп и библиотека и го организираше Балканскиот анархистички саем на книгата во Скопје 2011. Се дефинираат како анархокомунистичка група. Интересно е што се опишуваат како анархистичко крило на левичарската организација „Ленка“ (6- инаку формално регистрирана организација), избирајќи да се стават во сенка и на маргините на левицата (стара анархистичка болка). Историјата и искуството укажуваат дека тоа најверојатно во одредени моменти ќе доведе до компромитирање на анархистичките идеи и анархистичката борба. Претходната генерација на анархисти во Македонија (пред сè оние вклучени во проектот Плоштад Слобода и terror13) беше многу поотворена за нови идејно-теориски текови и промислувања внатре анархизмот, инсистирајќи на делување и организирање на анархистите надвор од левицата. Од поновите активности ќе го истакнам проектот АЈДЕ во кој се вклучени и анархисти од Македонија и Грција и кој е насочен кон: „... да се спротивставиме на реториката репродуцирана од националистичката еуфорија поврзана со 100-годишнината од „ослободувањето“ на Солун во Грција и 100 години од потпишувањето на Букурешкиот договор во Република Македонија. Неодамна започнавме, најдобро што можевме, дискусија која се однесува на политичкото читање на историјата и на продлабочување на теоретски прашања како: значењето на „нациите“, употребата на националните симболи и улогата на националните држави во рамките на денешната капиталистичка криза. (7)
.........
1. Георги Хаджиев, Париз 1969; Софија 1992 Историјя на безвластническото движение в България
2. Прашањето за односот и релациите меѓу Македонија и Бугарија е мошне комплексно и сè уште актуелно, без оглед дали се работи за слободарски кругови или за официјална политика. Главна окосница е таканареченото „Македонско прашање“.
На пример, по распадот на Југославија и отцепувањето и осамостојувањето на Македонија, Бугарија прва ја призна Република Македонија како независна држава, но сè уште не го признава македонскиот идентитет и јазик, сметајќи ги Македонците за „однародени Бугари“.
Бугарскиот анархист Георги Хаџиев го користи терминот „новофабрикувани Македонци“ за именување на жителите во Македонија која во 1944 добива статус на рамноправна република во рамки на Југославија. („Тито успева да ја искористи кратковидата политика на бугарските комунисти и ги поставува темелите на една нова нација - ’македонска‘, со нова историја - ’македонска‘, со нов јазик - ’македонски‘, на лингвистите познат како српско наречје на бугарскиот јазик. Во стварноста не може да има одделен, независен македонски народ и никогаш и немало.“ 1969; 1992)
Ова е навистина комплексна тема која го надминува обемот на овој краток напис и за која сега немаме простор овде да дискутираме и да ја разложуваме.
3. Георги Хаджиев, Париз 1969; Софија 1992
4. Како што обично бидува, владејачката историја подоцна го узурпира и присвојува нивното дело, прогласувајќи ги за национални херои, игнорирајќи ги нивните анархистички идеи и претставувајќи ги генерално како прогресивци и напредни борци за ослободување на Македонија. Во 2010 дури им поставија и споменик на главниот плоштад во Скопје, како дел од „културниот инженеринг“ (таканаречената антиквизација) кого десничарската власт во Македонија го спроведува изминативе години и кој се заснова на тврдењата дека Македонците се библиски народ и потомци на Александар Македонски.
5. Георги Хаджиев, Париз 1980; Софија 1996
6. http://sm.a-bg.net/2009/02/07/anarhizmat-v-makedoniya.htm
7. http://ajde.espivblogs.net/

Wednesday, July 3, 2013
Игор Анѓелков со роман посветен на урбано Скопје
Ако го сакавте она меко, кротко, непретенциозно раскажување со речиси филмска монтажа на одлично испланираните раскажувачки секвенци, ако ја сакавте онаа благост со која авторот сигурно ве „управува“, ревносно хранејќи ви ја илузијата дека „воланот“ е во ваши раце, ако ви се допаѓаше книжевната тура низ секојдневието со задолжителната посета на несекојдневното, ако ги помните „Кротки приказни“ и „Крај-пат“ – тогаш „Фото синтеза“ е одлично „место“ за утврдување на совладаната книжевна материја различно од претходните објави на Анѓелков, толку колку што треба за да знаете дека е нешто сосем ново, но и исто, толку колку што треба за да знаете дека сепак е негово и само негово. „Раката“ ќе му ја препознаете веднаш, но не дозволувајте си да го претпоставите и „ракавот“ пред убаво да видите/да прочитате!
Она што е поразлично овојпат е тоа што главниот лик Панк своето бегство од себе, од пријателите, од средината и општеството што го притискаат ќе го стори заминувајќи за Будимпешта. Така што, иако во претходните две книги се наведуваше дека бегството од себе е речиси невозможно, бидејќи од себе не можеш да избегаш, овојпат се обидувам на малку поинаков начин да си играм со тоа што го носат главните ликови на моите приказни. Игор Анѓелков, писател.
Ова ќе го запише писателката Оливера Ќорвезироска во рецензијата за „Фото синтеза“, вториот роман на Игор Анѓелков, кој доаѓа по тригодишна пауза од одлично прифатениот кај публиката „Крај – пат“.
Авторот за „Фото синтеза“ вели дека е логично надоврзување на неговите претходни две книги во кои доминираат урбани приказни кои што се случуваат во последниве петнаесетина години во Скопје, приказни од тротоарот и стории кои стилски, бидејќи ги пишува ист човек, имаат заедничка нишка.
Во третата книга најдиректно, најнежно и најсурово, како и да сакате, дефинитивно дејствието се случува во овој град. Ова е мој роман посвета на Скопје, и во многу од локациите и во ликовите кои што се во книгата, луѓето што искрено го љубат, вистинските скопјани ќе се препознаат во нив.
Игор Анѓелков, писател.
„Но, она што е поразлично овојпат е тоа што главниот лик Панк своето бегство од себе, од пријателите, од средината и општеството што го притискаат ќе го стори заминувајќи за Будимпешта. Така што, иако во претходните две книги се наведуваше дека бегството од себе е речиси невозможно, бидејќи од себе не можеш да избегаш, овојпат се обидувам на малку поинаков начин да си играм со тоа што го носат главните ликови на моите приказни.“
Анѓелков потенцира дека неговата врска со Скопје е несомнена и долговечна. Тука се родил, тука останал да живее и згора на тоа да ги сноси последиците од таквата одлука. Градот за него е голема инспирација, но дополнува дека досега во книжевниот опус не бил толку храбар да напише оти средината во која што ги сместил своите ликови е токму Скопје. Вели дека на тој начин можеби сакал да им даде една космополитска димензија на своите приказни, односно читателите да ги натера да помислат дека она за кое што тој пишува може да се случи на било која точка од земјината топка, во кој било друг град или урбана структура.
„Во третата книга најдиректно, најнежно и најсурово, како и да сакате, дефинитивно дејствието се случува во овој град. Ова е мој роман посвета на Скопје, и во многу од локациите и во ликовите кои што се во книгата, луѓето што искрено го љубат, вистинските скопјани ќе се препознаат во нив.“
Роден 1974 година, Игор Анѓелков дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на тема „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на книжевноста, музиката и филмот, а долго време беше дел и од екипите на скопските радија „Канал 103“ и „Равел“. Цела една декада е уредник на популарната едиција "ПРОаЗА", а исто толку години е автор и уредник на филмскиот магазин "Филмополис" на телевизија Телма.
Monday, July 1, 2013
Subscribe to:
Posts (Atom)